На 4 октомври 2026 година, кога нашата Црква го празнува Соборот на сите македонски светители, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи света Божествена Литургија во храмот посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец во с. Турново, Струмичко, со чин на осветување на возобновениот храм.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На богослужбата присуствуваше градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев како и многуброен верен народ.


























