Во завршна фаза малата црква во затворот во Струмица

Во Затвор Струмица е во завршна фаза изградбата на малата црква посветена на свети Јустинијан. Тоа на увидот на 10 септември 2025 година го утврдија директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Оливера Трајковска, и директорот на Управата за санкции, Александар Пандов, во придружба на своите соработници, како и отец Симеон Кантурски од Струмичката православна епархија.

Директорот на установата, Зоран Ристов, и заменик-директорката Наташа Лазарова Донева, ја претставија актуелната состојба и проектите во затворот.

Како што беше нагласено, целта на увидот е иницирање на капелански служби во казнено-поправните установи, за подобрување на ресоцијализацијата и дерадикализацијата на затворениците, како и обезбедување на нивно право на психолошка и духовна поддршка.

Покрај малата црква, во рамките на затворот во завршна фаза е и објект наменет за лицата од муслиманска вероисповед.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1Cqou3NVjG/