Втори Кирилометодиеви научни средби на Православниот богословски факултет во Скопје

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во соработка со Институтот за национална историја, упатува отворена покана на Вторите Кирилометодиеви научни средби, кои ќе се одржат на 22 мај 2025 година (четврток) на Православниот богословски факултет, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“, со почеток во 10:00 часот.

Научните средби се организираат како продолжение на успешно воспоставената соработка меѓу двете институции, со цел понатамошна афирмација и научно проучување на делото и наследството на светите Кирил и Методиј – темели на словенската писменост, култура и духовност.

Во рамките на настанот ќе биде промовиран и Зборникот од Првите Кирилометодиеви научни средби, чиј промотор ќе биде академик проф. д-р Ѓорѓи Поп Атанасов.

Во прилог ја споделуваме програмата на настанот.

Извор: https://pbf.edu.mk/вторите-кирилометодиеви-научни-сред/