На 1 јули 2025 година, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во просториите на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ се одржаа испити за студентите на Школата за црковна музика при Скопската епархија на МПЦ – ОА и Научно-истражувачкиот и културно-едукативен центар „Панепистимио“. Испитите се одвиваа пред комисија во состав на: презвитер Игор Јован Зиројевиќ – музикоучител, протопсалт, хорархос и професор по Византиска црковна музика на конзерваториумот „Симон Карас“ – Атина; проф. Димитри Кумбароски – протопсалт, хорархос, музички педагог и доктор по византолошка музикологија; претставник на Скопската епархија на МПЦ – ОА, како и проф. д-р Ристо Солунчев – музикоучител, хорархос.
Испитот го полагаа и со највисок одличен успех го положија следниве кандидати: Билјана Бајевска, Јанинка Невчева и Христијан Моневски (второ ниво: Воскресник и трето ниво: бавна ирмологија); Атанасија Гулевска и Сава Булатовиќ (прво ниво: нотација и вовед во Осмогласникот и второ ниво: Воскресник); Маја Недановска, Весна Павлова, Марија Драговиќ, Елена Пешиноска и Мирна Трпкова (прво ниво: нотација и вовед во Осмогласникот).
Школата за црковна музика е основана во 2023 година и работи со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.



Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/skola-za-crkovna-muzika-2025/
