Зрелосен испит за матурантите при Македонската православна богословија

На 28 мај 2026 година започна зрелосниот испит за матурантите при Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Овогодишен пратеник, претставник на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква е Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, кој заедно со ректорот на Богословијата Митрополитот Повардарски г. Агатангел, по редовната седница, на која, меѓу другото, се разгледа постигнатиот успех на учениците за учебната 2025/2026 година, се пристапи кон писмениот дел од полагањето на матурскиот испит.

Овогодинешните теми за писмена работа за матурскиот испит во Богословијата, кои ги определи Синодот на Македонската Православна Црква се следниве: Мојсеевиот и Христовиот закон, Црквата и нејзината улога во спасението на човечкиот род, Мисионерското дело на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј.

Извор: https://tge.mk/zrelosniot-ispit-za-maturantite-pri-makedonskata-pravoslavna-bogoslovija-sv-kliment-oxridski-skopje