На 15 март 2024 година, во Москва допатува Патријархот на Српската православна црква, Неговата Светост Патријарх г.г. Порфириј за да учествува на погребната служба и погребот на Претставникот на Српскиот Патријархот при Московскиот Патријарх на Москва и на цела Русија, настојателот на храмот на Светите апостоли Петар и Павле во Подворјето на Српската православна црква во Москва, Епископот Моравички г. Антониј. Владиката Антониј се упокои во Господа на 11 март.
На аеродромот во Внуково, Неговата Светост Патријарх српски Порфириј беше пречекан од Претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, Митрополитот Волоколамски Антониј, советникот на Московскиот Патријарх, протојереј Николај Балашов, заменик-претседателот на одделот, протојереј Игор Јакимчук, раководителот на Секторот за Одделот, игумен Теофан (Лукјанов), клирикот на Подворјето на Српската Црква во Москва, архимандрит Александар (Котов), братот на епископот Антониј, свештеник на Шабачката епархија на Српската православна црква, протојереј Милан Пантелиќ, соработникот на Секреатријатот за меѓуправославни односи на Одделот, г. Хошев.
Заедно со Патријархот Порфириј, во Москва пристигнаа и Епископот Бачки г. Иринеј, Епископот Горнокарловачки г. Герасим, Епископ Ваљевски г. Исихиј, Епископот Ремезијански г. Стефан, Епископот Јегарски г. Нектариј, Епископот Топлички г. Петар, протојерејот Ѓорѓе Стојсављевиќ, ѓаконите Драган Радиќ, Иван Васиљевиќ и Мирослав Николиќ и ипоѓаконите Дејан Накиќ и Владимир Јелиќ.
Во сабота, 16 март, Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Рус г.г. Кирил и Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј ќе ја предводат Божествената Литургија и опелото за епископот Антониј во храмот на Христа Спасителот.