На своето заседание на 12 март оваа година, Светиот Синодот на Бугарската православна црква го разгледа писмото на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Великотрновски г. Григориј со неговото барање за наречение и ракополагање во епископски чин на архимандритот Матеј (Орешков), клирик на Великотрновската епархија, и негово назначување за викарен епископ на Великотрновскиот митрополит.
Светиот Синод реши:
Дава благослов архимандритот Матеј да биде ракоположен во епископски чин со титула Никополски и да продолжи да служи како викар епископ на Великотрновскиот митрополит.
Наречението се изрши на 12 март годинава, во Синодалната палата, а хиротонија ќе биде на 7 април, на крстопоклоната недела, во Митрополитскиот храм во Велико Трново.
Кратка биографија на архимандритот Матеј (Орешков)
Роден е во градот Казанлак во 1971 година, каде што завршува основно образование и гимназија. Завршува и насочено образование, во техничкото училиште „Арсенал“, а по отслужувањето на воениот рок, се вработува во фабриката „Арсенал“, во родниот град. Истовремено завршува и високо образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново, насока – Филозофија.
Шест години предава како наставник по филозофија во гимназијата „Св. Свети Кирил и Методиј“, во Казанлак. Потоа завршува паралелен курс во Софиската духовна семинарија „Св. Јован Рилски“ и Православна духовна академија „Св. Кирил и Методиј“ во Пловдив. Примен е за послушник во Присовскиот манастир „Св. Пантелејмон“, во Великотрновската епархија, каде што на вечерната пред Благовештение во 2016 година е потстрижан во монашка схима, а на 01.10.2016 година, по одлука на Светиот Синодот, е ракоположен во чин јероѓакон, а по една година – во чин јеромонах.
На 16.11.2022 година добива чин архимандрит. Додека е на послушание во Присовскиот манастир „Св. Пантелејмон“, јеромонахот Матеј служи и во манастирот и во парохиите што му се доверени. На почетокот на 2020 година, Високопреподобниот јеромонах Матеј ја презема должноста настојател во манастирот „Св. Апостоли Петар и Павле“, во градот Свиштов и е поставен за парохиски свештеник храмовите на Свиштовската духовна околија. Од јули 2022 до мај 2023 година, јеромонахот Матеј е член на Великотрновскиот епархиски совет како претставник на епархиските манастири. Од 1 јуни 2023 година е Архијерејски намесник на Никополската духовна околија и парохиски свештеник на храмовите од Никополскиот духовна околија.
Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/reshenie-na-sv-sinod-za-episkopska-hirotonia–1, https://bg-patriarshia.bg/news/biografia-na-arhim-matey-oreshkov