23 новокрстени во Руската задгранична Православна Црква во Аризона

На Лазарева сабота, 4 април 2026 година, 23 огласени беа крстени во православната вера во црквата „Сите светители на Северна Америка“ во Аризона, САД. Ова до сега е најголемата група огласени крстени одеднаш во оваа парохија која е во јурисдикција на Западноамериканската епархија на Руската задгранична Православна Црква. Според информациите, во моментот уште 27 огласени се подготвуваат за влез во Црквата во иднина, додека уште еден нов огласен бил примeн на Цветници.

„Бог ја гради новата генерација на Црквата – Црквата на утрешнината се гради денес“, порачуваат од заедницата, изразувајќи благодарност: „Слава Му на Исуса Христа за сè!“

Извор: https://arizonaorthodox.com/2026/04/a-glorious-day-baptisms-at-asona/