Парохија на Антиохиската Патријаршија во Калифорнија, САД, беше благословена да прими 40 нови души во Православната Црква преку свето Крштение изминатиот викенд.
Протојерејот Павле, настојател на Богородичната црква во Вест Сакраменто, напиша во саботата: „Слава на Бога! Каков прекрасен ден, сведочејќи ги светите крштевки. Нашата мала црква, по благодатта Божја, прими 40 крстени души од нашите досега повеќе од 50 катихумени за 2025 година. Честитки на сите новопросветлени и нивните кумови“
Овој радосен настан е најнов израз на растот што Православната Црква го доживува во Америка и низ целиот западен свет во последниве години.
Оваа Богородична црква, која припаѓа на Антиохиската Патријаршија, основана во 1982 година, се опишува себеси како „сеправославна заедница составена од оние што Го бараат Бога, од сите народности и потекла“, а о. Павле бил духовно чедо на блаженоупокоениот о. Серафим Роуз.

