Во петок, на 21 март, беше отслужена третата статија на Акатистот кон Пресвета Богородица во парохискиот храм на Пресвета Богородица Неракотворен образ (од V век). На светата служба началствуваше Митрополитот на Солун г. Филотеј, а сослужуваше и се молеше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Велестино г. Дамаскин.
Уште од раните часови, црквата се исполни со многуброен народ, кој дојде да се помоли на службата, на која пееја околу 400 ученици од сите степени на образованието
За првпат во историјата на локалната Црква, толку многу ученици зедоа учество во пеење на светата служба. Овие ученици учествуваа во образовната и културна програма за основното и средното образование, која беше иницирана од Солунската Митрополија, со наслов: „Акатистот – Кондакот и Канонот“.
Во хоровите на учениците учествуваше и Византискиот хор на учениците од Воената академија, како и детскиот и младински византиски хор на Солунската Митрополија.
Во својата беседа, Митрополитот Филотеј изрази особена благодарност до сите наставници и родители за нивната иницијатива да ги поттикнат учениците да учествуваат во оваа образовна програма.

