74-годишна архива на весникот на Руската задгранична Црква на интернет

Германската епархија на Руската Православна задгранична Црква неодамна на својата интернет страница ја објави архивата од сите стари броеви на своето официјално списание на руски јазик. Архивата ги опфаќа изданијата од 1951 до 2025 година.

Списанието од 1951 до 1970 година се печатело периодично под називот „Црковни новости“. Потоа, од 1981 до 1990 година излегувало како „Весник на германската епархија“, а од 1991 година до денес излегува под името „Весник“.

Сите овие броеви сега се достапни онлајн во PDF формат.

Извор: https://rocor.de/ru/derbote-archiv