Албанската Црква за манастирот на Синај

Православната Црква на Албанија на 7 јули 2025 година на својата официјална интернет страница објави изјава во врска со актуелните проблеми со кои се соочува манастирот „Св. Екатерина“, на Синај:

Историскиот манастир на Богочекорената Гора Синај претставува неценливо богатство на православната духовност и светското културно наследство, давајќи ѝ на Црквата богати духовни искуства. Таму со векови се чуваат ред безценети ракописи и кодекси, вклучени во познатиот Codex Sinaiticus.

Присуството на православните монаси во Манастирот било почитувано од сите власти низ вековите, правејќи го симбол на сожителство помеѓу христијанството и исламот. Растурањето на братството или претворањето на Манастирот во музеј, во случај на промена на сопственичкиот статус, би било катастрофално и со неизмерни последици.

Православната автокефална црква на Албанија ја изразува својата целосна поддршка на братството на Манастирот и на Високопреосвештениот Архиепископот Синајски г. Дамјан, во ова тешко искушение. Исто така, ги повикува надлежните власти и меѓународните организации да вложат напори за заштита на историскиот статус на Манастирот и за непречено продолжување на неговата света мисија.

Му се молиме на Бога да преовладаат разумот, мирот и правдата.

Од Светиот Синод

Извор: https://orthodoxalbania.org/2020/el/2025/07/07/67866/