Албанскиот Архиепископ Јован се сретна со Римскиот Папа Лав XIV

Неговата Блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија Јован, се сретна со Римскиот Папа Лав XIV – известува Православна Црква на Албанија. Оваа историска средба се одржа во Рим, на приватна аудиенција, по учеството на Меѓународниот собир „Да се осмелиме за мир“, за што известивме.

Во соопштението од Албанската Црква се вели:

„На оваа братска средба се дискутираше за различни прашања од заеднички интерес и беше нагласена важноста од воспоставување мир и запирање на војните што го мачат светот. Разговорот се задржа и на интересот и особена грижата за младите, кои не се само иднината, туку и сегашноста на општествата.

Автокефалната Православна Црква на Албанија продолжува да биде ангажирана за одржување пријателски и отворени односи со сите, придонесувајќи кон хармонијата и општото добро. Оваа историска средба сведочи за заедничките напори на христијаните како клучен фактор за мир, во кои Автокефалната Православна Црква на Албанија има многу значајна улога.“

Извор: https://www.facebook.com/share/p/16csEC5uKV/