Албанскиот премиер Еди Рама ја посети Света Гора

Премиерот на Албанија, Еди Рама, ги посети Атонската монашка држава и манастирот Ватопед на 16 септември 2026 година.

Тој пристигна во пристаништето Дафни, а потоа оствари средба со политичкиот управител на Света Гора, Алкивијадис Стефанис. Потоа се упати во манастирот Ватопед, каде што беше пречекан од игуменот, старец Ефрем Ватопедски, и од ватопедското братство.

Албанскиот премиер, од своја уметничка перспектива, изјави дека бил импресиониран од архитектурата на манастирот, како и од живописот, изразувајќи го своето восхитување – пренесува грчкиот црковен портал „Ортодоксиа“. Исто така, изјави дека е запознаен со атонската Филокалија и со богатото предание на Атонската монашка држава.

Еди Рама преноќи во манастирот Ватопед, и следното утро замина.

Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/agioreitika/apokleistiko-o-alvanos-prothypourgos-enti-rama-stin-iera-megisti-moni-vatopaidiou/