Светиот Синод на Александриската Патријаршија пристапи кон канонизација на две големи личности на овој древен Патријаршиски престол: Александрискиот патријарх Силвестер, и на преподобниот отец Хризостом Папасарантопулос.
Ова одлука беше донесена денес, на 8 октомври 2025 година, за време на вториот ден од заседанието на Светиот Синод на Александриската Патријаршија, кое се одржува во Александрија под претседателство на Неговото Блаженство Патријархот Александриски и на цела Африка, г.г. Теодор II.
Светиот Силвестер, Папа и Патријарх Александриски, потекнувал од островот Крит. Во времето на неговото патријаршиско служење (1569–1590), Александриската Црква доживеала голем подем и духовен процут.
Преподобниот Хризостом Папасарантопулос (1903–1972), родум од Василици, Месинија, бил еден од пионерите на православната мисија во Африка и се смета за основоположник на православната мисија во Конго.
Градовите Колвези, Касенка, Канага и Киншаса многу имаат да кажат за новиот светител на Црквата. Претходно, десет години ја проповедал Божјата Реч во Уганда, Кенија и Танзанија — градел храмови, спасувал души. Во поодмината возраст, ја оставил удобноста на Атина и, со вера во Бога, тргнал сам, со разнишано здравје, за да го проповеда Евангелието меѓу нашите браќа, африканските домородци — без пари, вооружен единствено со вера во Бога и љубов кон луѓето.
За двајцата нови светители на Црквата беа поднесени соодветни излагања од архиереите на Патријаршискиот Престол. Првиот, на тема „Животот и делото на во светиот наш отец, Папата и Патријарх Александриски Силвестер“, беше изложен од митрополитот на Најроби, г. Макариј. Вториот, со наслов „Животот и мисионерското дело на преподобниот и богоносен отец наш Хризостом (Папасарантопулос)“, беше изложен од митрополитот на Киншаса, г. Теодосиј.
Исто така, на денешната седница беа претставени и богослужбите на двајцата нови светители, кои, по благослов на Патријархот Теодор II, ги состави митрополитот Родоски, г. Кирил.



