Епархијата на градот Гома, во африканската држава Конго, се наоѓа во крајно неповолна состојба по напредувањето на бунтовниците во градот. Бунтовниците го имаат под контрола целиот град и околината и се движат кон градот Букаво. Градот Гома е ограбен, а силите на африканската го исклучија водоснабдувањето и струјата. Продавниците се ограбени, постои огромен недостаток на храна, а малата количина храна што постои веќе е по петпати повисока цена.
Според информациите, затворите се отворени и затворениците излегле надвор, нашле оружје и вршат многу злодела, крадејќи и убивајќи. Проценката е дека повеќе од 1.000 луѓе загинале.
Ги уништиле бегалските кампови и ги ограбиле складовите со храна на хуманитарните организации. Како резултат, постои голем глад во Гома, а изолираноста од остатокот на светот ја влошува оваа мрачна состојба.
Парохиите во градот се во центарот на борбите. Зградата на епархијата е изрешетана со куршуми. Епископот на Гома г. Тимотеј и грчкиот свештеник архимандрит Никифор Комботис, иако биле информирани за влегувањето на бунтовниците во градот, не сакале да го напуштат своето паство. Се наоѓаат таму, заробени во еден хотел, засега се релативно безбедни, и се молат за престанок на војната. Во неделата, на 2 февруари 2025 година, одржале Божествена литургија во еден мал салон на хотелот, без верници, бидејќи луѓето се во опасност кога излегуваат од дома.
Негово Блаженство Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г.г. Теодор II постојано комуницира со Епископот на Гома г. Тимотеј за да го охрабри во оваа сложена ситуација за неговата Епархија. Исто така се моли Бог да ги заштити сите луѓе кои моментално се во искушение во Гома.
Негово Блаженство исто така комуницира и со останатите архијереи на Конго, давајќи упатства и насоки.


