Со оглед на тешките денови низ кои минува регионот на Блискиот Исток и искушенијата што ги доживуваат народите во тој регион, Неговото Блаженство Папа и Патријарх Александриски и на сета Африка г.г. Теодор II телефонски разговараше во понеделникот, на 9 март 2026 година, со Неговото Блаженство Патријархот Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован X и со Неговото Блаженство Патријархот на Ерусалим и на сета Палестина г.г. Теофил III.
За време на овој разговор, Патријархот Александриски им ја изрази на двајцата поглавари искрената поддршка на Црквата на апостол Марко, како и својата братска љубов.
Неговото Блаженство ги увери поглаварите дека Александрискиот патријархат со особена загриженост ги следи случувањата во регионот и непрестајно се моли за воспоставување на мир, стабилност и помирување меѓу народите.
Особено беше нагласено дека врските меѓу древните патријаршии на Блискиот Исток не се само историски и црковни, туку и длабоко братски и лични. Александрискиот Патријарх Теодор е поврзан со Антиохискиот Патријархт Јован со долга лична духовна врска и пријателство, која потекнува уште од нивните студентски години на Богословскиот факултет при Аристотеловиот универзитет во Солун.
Воедно, со Ерусалимскиот Патријарх Теофил го поврзува особената почит кон личноста на блаженоупокоениот Патријарх на Ерусалим Венедикт (†1980).
Како што истакнуваат од Александриската патријаршија: „Црквата на апостол Марко продолжува да се моли Бог на мирот да им подари разум на водачите, заштита на невините и надеж на народите во регионот, за да завладеат мирот и помирувањето“ – пренесува грчкиот црковен портал „Ортодоксија“.
