Неговото Блаженство Папата и Патријарх на Александрија и на цела Африка г.г. Теодор II го изврши осветувањето на храмот посветен на Благовештението Богородично во Кананга, Конго. Нему му сослужуваа митрополитите: на Кампала Јероним, на Киншаса Теодосиј, на Канага Харитон, на Нигерија Никодим, на Бени Атанасиј, на Константијана Косма и на Ипон Стефан.
Неговото Блаженство одржа духовна беседа поврзана со настанот на осветувањето на храмот и им се заблагодари на сите кои придонесоа за неговата изградба, а особено на блаженоупокоениот митрополит Пентаполски Игнатиј, кој не само што го изгради со помош на донатори, туку и лично го украси со своето уметничко искуство.
Патријархот му се заблагодари на митрополитот на Канага, Харитон, за подготовката на осветувањето на храмот. Исто така му се заблагодари на Генералниот конзул на Грција во Конго, г. Герасимос Дунис, како и на посетителите од Грција, г. Хараламбос Металидис, претседател на Братството за надворешна мисија од Солун, и г. Николаос, дописник на телевизискиот канал ЕРТ 3 – известува грчкиот црковен портал „Ромфеа“.


























Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/75602-ena-thayma-stin-kanagka-foto
