Аљаска: Нови православни христијани и нови огласени за време на Божикниот пост

Свештенството и верниците од црквата „Воскресение Христово“ на Православната Црква во Америка во Кодијак, Аљаска, се зарадуваа на Крштението на повеќе од 10 луѓе во деновите пред празникот на Христовото рождество – Божик. 

Во црквата се чува дел од моштите на свети Герман Аљаски, а неговиот празник на 13/25 декември „послужи за зацврстување на заедницата и донесе посебна благодат врз огласените во подготовката за Светото Просветление“ – известува Епархијата на Аљаска. 

Крштенијата започнаа во неделата пред Божик, кога едно новороденче се прероди во водите. Потоа, на Бадник, беа крстени девет возрасни и деца. 

„Учество во оваа радост на растечката заедница донесе нова енергија во радосната објава: Христос се роди! Славете Го!“ 

За време на вечерната богослужба на Божик во црквата „Свети Никола“ во Џуно, отец Максим Гибсон прими неколку нови огласени од блискиот остров.

Извор: https://odosa.org/news/nativity-around-the-diocese-of-sitka-and-alaska преку: https://orthochristian.com/166538.html