Амбасадорката на САД го посети манастирот Благовештение во Ормилија, Грција

Амбасадорката на САД, Кимберли Гилфојл, го посети манастирот „Благовештение на Пресвета Богородица“ во Ормилија, Грција. Според амбасадорката, посетата на манастирот во Ормилија, Халкидики, на најконкретен начин ја истакнала длабоката и повеќеслојна врска што ги поврзува народите на двете земји.

За време на посетата, американската амбасадорка имаше можност да го разгледа манастирот, како и да разговара со луѓето кои се во срцето на ова значајно дело – известува грчкиот црковен портал „Ромфеа“.

Поточно, таа се сретна со игуменот на светогорскиот манастир Симонопетра, архимандрит Елисеј, со игуманијата Никодима, и со сестрите од манастирот.

Исто така, се сретна со д-р Дума и со Киријакос Антониу, како и со посветените волонтери кои активно го поддржуваат функционирањето на Фондацијата Ормилија. Треба да се истакне дека главниот акцент на посетата беше ставен на долгогодишната научна соработка што Фондацијата Ормилија повеќе од една деценија ја одржува со водечки академски и медицински центри во САД, како што центарот за рак „Ломбарди“ при Универзитетот Џорџтаун, Универзитетот на Пенсилванија и Универзитетот Емори.

Како што нагласи амбасадорката, присуството на американските институции во Ормилија потврдува дека сојузништвото меѓу Соединетите Американски Држави и Грција не се гради само врз политиката или економијата, туку врз заеднички вредности – сочувството, лекувањето и верата – кои на општеството му носат вистинска надеж и грижа.

Извор: https://www.romfea.gr/diafora/77882-presvis-ton-ipa-stin-i-m-evaggelismoy-ormylias