Антиохиската Архиепископија отвора нов манастир во Тенеси, САД

Антиохиската Православна Архиепископија на Северна Америка отвора нов манастир во југозападниот дел на Тенеси, САД. Манастирот, посветен на Животворната Троица, се очекува да почне да прима поклоници по Пасха годинава, соопштува Архиепископијата. 

Светата обител се наоѓа во Гранд Џанкшн, на истото место каде што беше сместен женскиот Скит на Свети Павле. Сестра Нектарија, која самостојно се подвизуваше во скитот речиси три децении, се упокои во Господа на 9 август 2023 година. 

Манастирот ќе биде предводен од новоракоположениот јеромонах Павле, кој има монашко искуство во Америка, Сирија и на Света Гора. Тој беше ракоположен во ѓаконски чин од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Сава, поглаварот на Архиепископијата, во манастирот Баламанд во Либан на 8 февруари, а следниот ден беше ракоположен во свештенички чин од Неговото Блаженство Патријархот Јован Антиохиски и на целиот Исток. 

По Божествената Литургија во недела, Патријархот Јован му се обрати на отец Павле со зборовите: „Пораката на Црквата за тебе денес – во Неделата на митарот и фарисејот, и на денот на твојата свештеничко ракополагање – е да бидеш смирен, следејќи го примерот на твојот Господ Исус, Кој се понижи Себеси до смрт, и тоа смрт на Крст.“ 

Извор: https://orthochristian.com/167195.html