Антиохиската патријаршија го објави следното соопштение во врска со нападот што го изврши Израел во Либан:
Соопштение издадено од Антиохискиот православен центар за медиуми
Во Πравославната патријаршија на Антиохија и на целиот Исток
Баламанд, 18 септември 2024 г.Вчера, 17 септември, гревовната рака на Израел изврши злосторство против нашиот народ во Либан и во сите региони.
Она што се случи претставува бесрамно насилство, ужасен напад, прекршување на сѐ што е поврзано со човечноста. Тоа e и опасен преседан во користењето на средствата за комуникација како алатка за убивање, без разликување на војска и цивилно население.
Πравославната патријаршија на Антиохија и на целиот исток го осудува и отфрла она што се случи вчера. Таа изразува особено сочувство до семејствата на загинатите и бара лекување на повредените, божествена милост за мачениците и божествена утеха за нивните семејства и роднини. Го пофалуваме националниот дух што ги собра сите заедно за да биде осудено ова грозоморно злосторство. Го молиме Семоќниот Бог да го поддржи и да му помогне на медицинскиот персонал и просиме од Него мир за Либан, Палестина, Истокот и за целиот свет.