Антиохиски патријарх Јован: „Мораме да бидеме обединети, да координираме и да работиме за да бидеме покрај нашите чеда во овој тежок период“ 

Антиохискиот патријарх Јован X, на 10 декември 2024 година, оствари неколку телефонски разговори со патријархот Ефрем II Карим – поглавар на Сириско-православната (јаковитска) црква, и патријархот Јосиф Абси – поглавар на Грко- католичката (унијатска) црква, во контекст на последните настани во Сирија – известува Антиохиската патријаршија.

Тројцата патријарси ја истакнаа потребата од обединување на напорите и координација за да застанат покрај своите чеда при сето ова што се случува во Сирија. Патријарсите ја потенцираа важноста на зачувувањето на христијанскиот елемент и вредностите на граѓанството и соживотот.

Извор: https://www.antiochpatriarchate.org/en/page/patriarch-john-x-made-several-calls-to-patriarchs-ephrem-ii-and-joseph-absi/2780/