Патријархот Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован X оствари серија контакти со митрополитите во Либан, известува информативната служба на Антиохиската Патријаршија на 1 октомври годинава.
Патријархот Јован оствари контакт со Митрополитите: Илија Ауд (Бејрут), Илија Кфури (Тир и Сидон), Силуан Муса (Планината Либан), Василиј Мансу (Акар), Ефрем Киријакос (Триполи и Кора) и Антониј Сури (Захле и Баалбек), при што се информираше за состојбата на народот во светло на разорната војна што ја води Израел.
Тој ја нагласи потребата од заедништво и координација во ова тешко време кога се појавуваат разрушување и уништување што не поштедуваат ниту едно место или област.