Патријархот на Антиохија и на целиот Исток Јован X, го нагласи значењето на зајакнувањето и активирањето на црковното единство во верата со сестринските православни цркви. Овие цркви се соочуваат со предизвици што ѝ го попречуваат патот на Црквата, во свет што тоне во конфликти. Овие зборови на Патријархот Јован беа изнесени во телефонски разговор со Српскиот Патријарх Порфириј, остварен на 26 јули годинава.
Во текот на разговорот, патријарсите ја дискутираа ситуацијата во Српската православна црква, Православната црква на Блискиот Исток, како и општата состојба на сеправославно ниво. Двајцата го нагласија значењето на свесноста од потреба на дијалог и средби за да се избегнат последиците од политичките разлики, кои фрлаат сенка на Црквата и општествата.
Двете страни повикаа на работа за воспоставување мир, за отрфлање на логиката на војната, заради која луѓето најмногу страдаат. Патријарсите конкретно се осврнаа на настаните во Палестина, повикувајќи да се стави крај на војната и крвопролевањето во Газа.