Антиохискиот Патријарх го прими пратеникот на новата власт на Сирија

Патријархот Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован Х на 24 декември годинава, го прими претставникот на новата власт во Сирија, д-р Абу Омар, во просториите на Антиохиската Патријаршија во Дамаск. Д-р Абу Омар му го пренесе на Патријархот поздравот од командантот Ахмед ал Шара. 

На средбата беа разгледани многу важни точки, вклучувајќи го и статусот на христијаните како автентични граѓани на Сирија, кои се вон концептите за малцинства и мнозинства, со целосно уживање на нивните слободи, права и обврски. Исто така, се истакна нивната улога во изградбата на иднината на Сирија заедно со сите слоеви на сириското општество, вклучително и со учеството во изготвувањето на нов демократски устав за земјата, кој ќе гарантира воспоставување на вредностите на слободата, правдата и еднаквоста.

Извор: https://www.facebook.com/Antiochpatriarchate.org