На 14 јануари 2026 година, во просториите на патријаршијата во Дамаск, Сирија, Неговото Блаженствто Патријархот Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован, го прими амбасадорот на Саудиска Арабија во Сирија, Фејсал бин Сауд Ал-Маџфел, кој ја предводеше делегацијата од амбасадата.
Патријархот ја истакна историската врска што го поврзува Саудиското Кралство со Антиохиската православна црква. Од своја страна, амбасадорот ја нагласи важноста на вредностите на соживотот и граѓанството во сириското општество.




