Антиохискиот Патријарх и архијереите од Синодот на Патријаршијата служеа во манастирот Баламанд

Во неделата на 12 октомври 2025 година, Антиохискиот Патријархот Јован X служеше Божествена Литургија во манастирот Пресвета Богородица Баламанд во Либан. На богослужбата сослужуваа следниве архиереи: митрополитот Дамаскин на Сао Пауло и цела Бразилија, митрополитот Силуан на Џбејл, Батрон и околината, митрополитот Игнатиј на Франција и Јужна и Западна Европа, митрополитот Гатас на Багдад, Кувајт и нивните епархии, митрополитот Антониј на Захле, Баалбек и околината, митрополитот Николај на Хама и околината, митрополитот Василиј на Австралија, Нов Зеланд и Филипини, митрополитот Игнатиј на Мексико, Венецуела, Централна Америка и Карипските Острови, митрополитот Атанасиј на Латакија и околината, митрополитот Јаков на Буенос Аирес и цела Аргентина, митрополитот Ефрем на Алепо, Искендерун и околината, митрополитот Григориј на Хомс и околината, митрополитот Антониј на Босра, Хоран и Џебел ел-Араб, како и патријаршискиот викар епископ Роман Хана и епископот Муса ел-Хаси, заедно со бројно свештенство и голем број верници.

Митрополитот Атанасиј на Латакија, во своето обраќање, рече:

„Доаѓаме на Светиот Синод обединети околу Неговото Блаженство, сите молејќи се пред отвореното Свето Евангелие, кое стои во средината на салата, пред кое гори запалена свеќа, за да зборуваме не со човечка мудрост, туку по вдахновение на Евангелието и по благодатта на Светиот Дух.

Се собираме да говориме за нашата реалност, носејќи ги грижите на нашиот народ од сите епархии на нашиот Антиохиски Престол, и да ги разгледаме со стручните лица, за да најдеме решенија кои ќе го олеснат животот на нашиот народ и на сите браќа што живеат со нас и го делат нашето граѓанство.

Мисијата на Антиохиската Црква е мисија на вистината, поширока од сите наши лични интереси. Затоа, треба да бидеме обединети околу нашиот Патријарх, околу нашите архијереи и пастири, околу нашиот Синод и нашата Црква, заедно да ги вложиме и обединиме нашите дарови пред налетите на овој свет. Тогаш сигурно ќе се исполни ветувањето на Господ дека Тој ќе биде со нас и дека портите на пеколот нема да ја надвладеат на Црквата.“

По Божествената Литургија, Неговото Блаженство се сретна со верниците во салата на манастирот и посебно разговараше со членовите на парохијата од Арабин (Дамаск), кои пристигнале на поклоничко патување во Либан.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1Csovz1kbK/