Антиохискиот Патријарх Јован го прими митрополитот Халкидонски Емануил од Цариградската Патријаршија

Патријархот Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован на 5 септември 2025 година, го прими митрополитот Халкидонски Емануил, пратеник од Цариградската патријарх Вартоломеј, во патријаршиската резиденција во Баламан, Либан.

Средбата се одржа во присуство на амбасадорката на Грција во Либан, Деспина Кукулопулу, и отец Аетиј Никифору од Цариградската патријаршија.

Митрополитот му ја пренесе на Патријархот љубовта и почитта на Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, како и неговата поддршка и солидарност со Антиохиската црква во свето на предизвиците со кои се соочува Блискиот Исток.

На средбата се разговараше за историските односи што ги поврзуваат Црквите на Антиохија и Константинопол, како и за актуелните прашања – известува интернет страницата на Антиохиската Патријаршија.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1AqPvkoJUZ/