Антиохискиот Патријарх Јован прими делегација од Црквата на Грција

На 22 јануари 2025 година Патријархот Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован Десетти, го прими Митрополитот на Димитријада г. Игнатиј, и отецот Емануил Папамикрулис, претставници на Архиепископот Атински и на цела Грција г.г. Јероним и на грчката влада, во Богословскиот институт „Свети Јован Дамаскин“ во Балманд, Либан. 

За време на средбата, грчката делегација ја пренесе солидарноста на Грчката црква и грчката влада, истакнувајќи ја нивната поддршка за Патријаршијата на Антиохија и на целиот Исток. 

Од своја страна,  Патријархот Јован изрази благодарност кон Архиепископот Атински и на цела Грција, како и кон грчката влада и народ, нагласувајќи ја длабоката историска врска што ја обединува Антиохиската црква со Грција.

Извор: https://www.antiochpatriarchate.org/en/page/receiving-a-delegation-from-the-greek-orthodox-church/2832/