Антиохискиот Патријарх Јован во посета на Цариградската Патријаршија

Цариградскиот Патријарх Вартоломеј на 28 април 2026 година се сретна со Антиохискиот Патријарх Јован, кој престојува во седиштето на Цариградската Патријаршија.

Антиохискиот Патријарх, кое во претходните денови престојуваше во југоисточна Турција, во рамките на пастирската посета на областите под јурисдикција на Антиохиската Патријаршија, посака да допатува во Фанар за лично да му ги пренесе своите велигденски честитки на Цариградскиот Патријарх, одговарајќи и на претходните покани од Патријархот Вартоломеј.

На средбата меѓу двајцата поглавари присуствуваа и Високопреосвештените митрополити на Цариградската Патријаршија: Емануил – претседател на Синодската комисија за меѓуправославни прашања и Григориј, и од Антиохиската Патријаршија: Високопреосвештениот митрополит Ефрем, Преосвештениот епископ Павле и високопреподобниот архимандрит Партениј Алати, личен секретар на Патријархот.

По средбата, Цариградскиот Патријарх приреди вечера во чест на уважените гости.

Патријархот Јован ќе остане во Истанбул до четврток.

Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/76380-o-patriarxis-antioxeias-sto-oikoumeniko-patriarxeio-foto