Православната Црква на Албанија на 2 декември 2024 објави апел за прекин на убиствените напади во Сирискиот град Алепо. Градот е нападнат од страна на бунтовници против сириските власти. Веќе известивме дека православниот епископ на Алепо објави дека нема да се повлече од градот, туку ќе остане со својата паства.
Следува соопштението од Албанската Црква.
Апел за прекинување на убиствените напади во Алепо
Неодамнешните разорни напади во Алепо, Сирија и околните подрачја ги доведуваат во непосреден ризик животите на илјадници православни христијани, закануваајќи се на историското присуство на Антиохиската православна патријаршија и воопшто на Христијаните во пошироката област на Блискиот Исток. Верската насилство и уништувањето на светите места за богослужба претставуваат длабока рана за целото православие и навреда врз целокупниот човечки цивилизација.
Длабоко сочувствувајќи со неискажливата болка на прогонуваните браќа, ги спојуваме нашите молитви кон Бога на мирот, како и нашите апели до меѓународната заедница да преземе итни мерки за прекинување на убиствените напади во измачената област на Блискиот Исток.
Извор: https://orthodoxalbania.org/2020/el/2024/12/02/εκκληση-για-την-καταπαυση-των-φονικων/