Архиепископ Алексиј: Во црквата во Газа падна бомба, но не експлодираше, тоа е чудо на св. Порфириј

Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Алексеј Тиверијадски, од Ерусалимската Патријаршија, на 16 октомври 2025 година даде изјава за грчката телевизија „Скај“ во која зборуваше за состојбата во Газа и положбата на православните христијани во овој регион. Архиепископот Алексеј е намесник на Ерусалимската Патријаршија во Газа и настојател на манастирот „Св. Порфириј од Газа“ и е единствен православен архијереј во појасот Газа.

Во својата изјава тој рече:

„Оние што беа заминале на југ, сега се враќаат на север. Се враќаат меѓу урнатините. Градот е уништен целосно. Осумдесет проценти од зградите се целосно разурнати, сите инфраструктури уништени. Ништо не стои исправено.

Нема постојано снабдување, имавме направено неколку испораки на храна, имавме и некои зачувани нешта и некако се справуваме со состојбата. Сега ги отворија границите и почна делумно, но не целосно, да пристигнува помош со намирници.

Во манастирот сме 200, 250-260 лица, православни христијани. Тука има стари, млади, бебиња – воопшто сите возрасти. Ние бевме меѓу првите погодени – една црковна зграда беше бомбардирана. Имавме 18 загинати, а потоа по грешка падна бомба во самата црква и повреди една жена; за среќа, не експлодираше, бидејќи ако експлодираше, половина манастир ќе беше разнесен во воздух. И затоа велиме дека тоа е чудо на свети Порфириј.“

Извор: https://www.youtube.com/watch?v=LPFskerKRWo