Архиепископот Елпидофор – член во Советот на Комисијата за верска слобода во САД

Архиепископот Американски од Цариградската Патријаршија Елпидофор, е именуван за член на Советот на верски водачи при новоформираната „Комисија за верска слобода“ на претседателот Доналд Трамп. Комисијата, основана со извршна наредба на 1 мај 2025, има задача да ја советува федералната влада за заштитата и унапредувањето на верската слобода во САД.

Во изјавата по назначувањето, Неговото Високопреосвештенство изјави:

„Голема чест е да служам во оваа значајна комисија и благодарен сум му на претседателот Трамп што ме вклучи меѓу толку истакнати верски водачи. Верската слобода е темелен столб на нашата нација, и со нетрпение очекувам да придонесам кон напори што промовираат разбирање, дијалог и мирен соживот меѓу сите религии. Оваа мисија е целосно усогласена со визијата на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој одамна се залага за вселенски дијалог и помирување.“

Советот на верски лидери ги вклучува:

  • Бискуп Салваторе Кордилеоне – Архиепископ на Сан Франциско и член на Комисијата на Конференцијата на католички бискупи на САД за мирјани, брак, семеен живот и младина.
  • Пастор Џентезен Франклин
  • Отец Томас Фергјусон
  • Рабин Марк Готлиб
  • Пастор Џек Грахам – Висок пастор на Баптистичката црква Престонвуд во Далас.
  • Рабин Јааков Менкен – Извршен потпретседател на Коалицијата за еврејски вредности.
  • Бискуп Томас Папроки
  • Бискуп Кевин Роундс
  • Рабин Ејтан Веб
  • Рабин Хаим Давид Цвајбел

Претседател на Комисијата е Вицегувернерот на Тексас, Ден Патрик, а д-р Бен Карсон ја извршува должноста на потпретседател. Мисијата на Комисијата вклучува изготвување на сеопфатен извештај за темелите на верската слобода во Америка, идентификување на тековните закани за верската слобода и поднесување на препораки за зачувување и зајакнување на заштитата во корист на идните генерации. Комисијата исто така ќе ја советува Канцеларијата за верски работи на Белата куќа како и Советот за внатрешна политика во врска со политиките за верска слобода.

Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/patriarxeia/oikomeniko_patriarxio/αρχιεπισκοπή-αμερικής/o-arxiepiskopos-amerikis-sto-symvoulio-tis-neas-epitropis-thriskeytikis-eleytherias-tou-ntonalnt-tramp/