Неговото Високопреосвештенство, Архиепископот Иринеј од Отава и Канада на Православната Црква во Америка, минатиот месец во текот на два дена оствари пастирска посета на затвореници во три казнено-поправни установи во Британска Колумбија, Канада, што претставува значаен настан за православната христијанска заедница во затворскиот систем.
Архиепископот ги посети затворските установи придружуван од о. Мирча Тихон од Манастирот „Сите Светии на Северна Америка“ во Британска Колумбија, кој редовно се грижи за духовните потреби на православните затвореници, известува Архиепископијата на Канада.
При посетите на капелите во двете установи, Архиепископот Иринеј и о. Мирча им понудија духовна поддршка и пастирска грижа на православните затвореници, како и на други пријатели и заинтересирани од затворениците.
Во саботата Архиепископот еден затвореник по име Мојсеј го потстрижа за чтец, а друг, по име Емилијано, го потстрижа за олтарник за неделните литургии кои таму ги служи свештеникот Ричард Рене, а на певница е неговата презвитера. Потоа, о. Ричард отслужи Божествената Литургија.
По богослужбата, Архиепископот Иринеј оствари отворен разговор со група составена од православни и неправославни затвореници.
Разговорите опфатија богословски теми, меѓу кои и важноста од запознавање и вдахновување од житијата на светителите, како и практични прашања, особено за тешкотиите со кои се соочуваат многу поранешни затвореници при обидите за повторно вклучување во животот на парохијата по ослободувањето.
Посетата на Архиепископот беше потсетување за затворените лица дека тие и понатаму се дел од пошироката црковна заедница. Неговото пастирско присуство внесе надеж и охрабрување за православните христијани кои живеат во затвор, продолжувајќи да биде извор на духовна сила за заедницата.







Извор: https://www.archdiocese.ca/articles/archbishop-irenee-visits-prisons-british-columbia
