Фотографија: ocl.org
Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Австралиски г. Макариј, од Цариградската патријаршија, објави своја реакција на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз. Во продолжение, неговата реакција ја пренесуваме во целост:
На церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз, со крајно разочарување гледавме спектакл што јасно беше под нивото на настанот. Во него беа прикажани сцени на непочитување кои беа навредливи за Христијанството и Црквата.
Секој има право да биде атеист, но никој нема право да ја унижува или исмева мојата вера, особено вистината на Евангелието за која е пролеана крв.
Имате слобода да живеете како што ќе одберете; имате право да бидете хомосексуалци, но немате право да го наметнувате својот начин на живот на нашето општество. Ако сакате да одржувате паради на гордоста, мора да разберете на што сте горди. Бидете горди на вашите достигнувања, вашата напорна работа, вашето образование, вашите успеси, вашата историја и вашата култура. Но, не се гордејте со својата сексуалност. Тоа што го правите во вашиот сексуален живот не е причина за гордост.
Преку глава ни е од ова. Се исмева достоинството на човечката личност. Се искривува реалноста. Нашето (чувство за / или: способност за) разум е предизвикано.
Се молиме Бог да ги просветли оние кои се обидуваат да ја поткопаат вредноста на верата и тврдиме дека е неприфатливо таквите идеологии да се промовираат во институции толку престижни како Олимписките игри.
Извор: https://www.instagram.com/reel/C-A5Z4oPxnD/?utm_source=ig_web_copy_link