Архиепископот на Алјаска се сретна со претседателот на Руската Федерација

Во рамките на посетата на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, на САД, тој се сретна со архиепископот на Ситка и Алјаска г. Алексеј од Православната Црква во Америка.

При средбата, претседателот Путин на архиепископот Алексеј му ги пренесе поздравите на Патријархот Московски г.г. Кирил и му подари две икони: на св. Герман Алјаски – просветителот на Алјаска и на Пресвета Богородица.

Архиепископот Алексеј од своја страна возврати со икона како подарок, во знак на благодарност на домородните народи на Алјаска за тоа што Русија испратила мисионери и просветители кои на овие народи им го донеле она што е за нив најскапоцено – православната вера.

„Ова е иконата што ми беше дадена кога бев ракоположен за епископ, од монасите на Света Гора и таа четири години стоеше во моето молитвено катче“ – истакна Архиепископот Алексеј.

Митрополитот Алексеј родум е Американец кој преминал во православната вера, и потоа се замонашил во манастирот „Св. Тихон Задонски“ во Пенсилванија, САД. Неколку години поминал во светогорскиот манастир „Каракалу“. Во текот на својот престој во Грција, докторирал на Аристотеловиот Универзитет во Солун.