Архиепископот на Кипар, Неговото Блаженство Георгиј, ја потврди солидарноста на Кипарската црква со Антиохиската црква по повод настаните кои неодамна се случија во Либан и Сирија. Неговото Блаженство ги изговори овие зборови за време на телефонски разговор со Неговото Блаженство Јован X, Православниот патријарх на Антиохија и на целиот Исток. Архиепископот Георгиј потврди дека Кипарската црква ја поддржува Антиохиската патријаршија во време на овие регионални настани и нагласи дека Кипарската црква се моли на Бога да донесе мир во Левантот.
Од своја страна, Патријархот Јован му се заблагодари на Неговото Блаженство за неговото сочувство, потенцирајќи ја важноста и автентичноста на христијанското присуство на Блискиот Исток, и покрај сите тешкотии и војни – известува информативната служба на Антиохиската патријаршија во својата објава од 5 декември годинава.
