Архиепископот Вашингтонски Тихон упати повик за молитва за Блискиот Исток 

Претстоителот на Православната Црква во Америка, Неговото Блаженство Архиепископот Вашингтонски и Митрополит на сета Америка и Канада г.г. Тихон, на 1 октомври годинава, го објави следниот повик за молитва:

„На овој ден, во многу од нашите цркви го славиме заштитниот покров на пресветата Богородица. Со оглед на проширувањето на конфликтот на Блискиот Исток, ова чествување на милосрдниот Покров на Богородица не може да биде понавремено. Ги молам сите наши свештеници и верници да се молат за мир во регионот и во светот; за воздржаност и мудрост кај лидерите; за исцеление и закрепнување на жртвите на насилство; и за помирување, простување и љубов кај сите. Нашиот Господ Исус Христос е самиот Мир Божји, и овој Мир дојде во светот преку пресветата Богородица. Да ѝ се молиме на нашата Пречиста Владичица со искрени молитви за светот да го прими, преку неа, мирот од висините.“

„Се охрабруваат свештениците и верниците да ја поддржат Меѓународната православна христијанска помош во нивната итна поддршка на регионот“ – се вели во соопштението на официјалната страна на Православната Црква во Америка.

Извор: https://www.oca.org/news/headline-news/his-beatitude-metropolitan-tikhon-issues-call-for-prayer-for-middle-east