На 24 мај, во денот на споменот на светите рамноапостолни Кирил и Методиј, просветителите на Словените, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, митрополитот волоколамски Антониј, и патријаршискиот егзарх за Западна Европа на Руската Православна Црква, митрополитот корсунски и западноевропски Нестор, отслужија молебен во базиликата „Свети Климент“ во Рим.
Во овој храм веќе со векови почиваат моштите на рамноапостолниот Кирил, кој се упокои во Рим во 869 година.
За време на богослужбата беше вознесена особена молитва за Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Рус Кирил, кој го одбележува својот именден.
Меѓу присутните во храмот беа директорката на Руското центар за наука и култура во Рим, Д.А. Пушкова, претставници на Амбасадата на Белорусија во Италија, верници од римските парохии на Руската Православна Црква и поклоници.
По завршувањето на Молебенот беше возгласено свечено многолетствие за Неговата Светост Патријархот Кирил.
