Нивните Високопреосвештенства Митрополитот Пловдивски Николај и Митрополитот Западно и средноевропски Антониј денес пристигнаа во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Со благослов на Неговото Блаженство Антиохискиот патријарх Јован X, и според решението на Светиот архијерески синод на Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија, на 15 јуни (сабота) во 10:00 часот ќе биде отслужена првата света Литургија на бугарски јазик во храмот на Антиохиската православна црква „Св. Благовештение“ во Џебел Али, Дубаи.
Во Дубаи живеат околу 3.000 Бугари, а преку бугарската амбасада во ОАЕ пред година и пол изразија желба за формирање бугарска црковна општина. Заедно со владиците, во официјалната делегација се Неговата Екселенција г. Иван Јорданов, Амбасадорот на Република Бугарија во ОАЕ, архимандритот Максим, свештено-икономот Александар Георгиев, протоѓаконот Илијан Александров и псалтири од митрополитскиот хор „Св. ап. Ерм“.





