Архијереи од повеќе православни јурисдикции сослужуваа на света Литургија во Питсбург

Во неделата, на 4 октомври 2026 година, заедницата на грчката православна катедрала „Св. Никола“ во Питсбург ги пречека архијереите од Собранието на канонските православни епископи на Соединетите Американски Држави, кои учествуваа во архијерејско сослужување на светата Литургија.

На богослужбата, на која присуствуваа повеќе од 300 верници од поширокото подрачје на Питсбург, началствуваше Неговото Високопреосвештенство архиепископот Американски Елпидофор од Цариградската патријаршија, претседател на Собранието на канонските православни епископи на САД.

Со него сослужуваа: Неговото Преосвештенство епископ Иринеј Вашингтонско-Њујоршки и Источноамерикански од Српската Православна Црква, Неговото Преосвештенство епископ Сава Северноамерикански од Грузиската апостолска Православна Црква во Северна Америка, Неговото Високопреосвештенство архиепископ Михаил Њујоршки и Њуџерзиски од Православната црква во Америка, Неговото Високопреосвештенство митрополит Сава Питсбуршки, од Цариградската Патријаршија, Неговото Високопреосвештенство архиепископ Марко Филаделфиски и Источнопенсилвански, од Православната црква во Америка, Неговото Преосвештенство епископ Теофан Филомилионски, од Цариградската Патријаршија, Неговото Преосвештенство епископ Никодим Бостонски и на Албанската архиепископија од Православната црква во Америка, Неговото Преосвештенство епископ Андреј Кливлендски од Православната црква во Америка, Неговото Преосвештенство епископ Нектариј Диоклејски од Цариградската Патријаршија, Неговото Преосвештенство епископ Серафим Костајнички од Српската православна црква.

Молитвено беа присутни и: Неговото Високопреосвештенство митрополит Севастијан Атлантски од Цариградската Патријаршија, Неговото Високопреосвештенство митрополит Григориј Њујоршки од Американската Карпаторускa православна епархија на Северна Америка, Неговото Преосвештенство епископ Тома Чарлстонски, Оукландски и Средноатлантски од Антиохиската Патријаршија, Неговото Високопреосвештенство архиепископ Натанаил Детроитски и на Романската епископија од Православната црква во Америка, Неговото Високопреосвештенство архиепископ Мелхиседек Питсбуршки и Западнопенсилвански од Православната црква во Америка.

Утрената служба ја пееја певците од катедралата „Свети Никола“, предводени од Ејми Хог, додека одговорите на Светата Литургија ги пееше сеправославниот хор на Питсбург, под раководство на протојерејот Тома Сорока, настојател на црквата „Св. Никола“ во Меккис Рокс, Пенсилванија.

Беседа одржа епископот Иринеј, кој го истакна христијанскиот повик да се љубиме едни со други како што Христос нè љуби, потсетувајќи дека таму каде што е присутна љубовта, таму е присутен и Бог.

На крајот од светата Литургија, архиепископот Елпидофор ѝ го врачи Медалот „Света Теодора“, највисокото признание на Собранието на епископите, на Ен ван ден Берг, во знак на признание за нејзината посветена служба во полза на православното христијанско единство во Соединетите Американски Држави. Другиот добитник на признанието за 2026 година, Марк Ари, не беше во можност лично да присуствува.

Протојерејот Елефтериј Константин, настојателот на грчката православна катедрала „Свети Никола“, ги пречека собраните архијереи во катедралата и, во име на свештенството и верниот народ на Питсбург, им упати желби за успешно заседание на Собранието.

Потоа архијереите им се придружија на свештенството и верниците во парохиската сала, каде што катедралната заедница приреди прием.

Извор: https://www.assemblyofbishops.org/news/2026/assembly-of-bishops-concelebrate-the-divine-liturgy-in-pittsburgh-pa