Архијереј на Црквата на Грција не го признава Епифаниј за канонски митрополит

Архијерејот на Црквата на Грција, митрополитот Китирски и Антикитирски Серафим, изјави дека не го признава Епифаниј за канонски митрополит Киевски. Тој детално ја образложи својата позиција за украинското црковно прашање и ја објасни причината за своето категорично одбивање да ја признае ПЦУ (Православната Црква на Украина, чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија). „Овој Епифаниј не го признавам. Не можам да прифатам дека е канонски“ – изјави тој во неодамнешно интервју.

Грчкиот митрополит укажа на фундаментален канонски проблем: Епифаниј е неракоположен, бидејќи неговото ракополагање од страна на Филарет Киевски е во период кога Филарет бил расчинет. За потврда на својата позиција, митрополитот Серафим се повика на аргументите на архиепископот Тирански и на цела Албанија Анастасиј, во врска со ништовноста на хиротониите кои ги извршиле лица лишени од чин.

Освен тоа, митрополитот Серафим ја критикуваше процедурата што ја применил Светиот синод на Црквата на Грција во 2019 година при разгледувањето на украинското прашање. Според неговите зборови, на седницата се слушале различни мислења во врска со ПЦУ, меѓутоа, никакво гласање – ниту тајно, ниту со кревање раце – не било спроведено. Митрополитот нагласи дека за донесувањето одлука за признавање на ПЦУ било потребно официјално гласање, отфрлајќи го донесувањето одлуки преку „извикување“ на мислења.

Одговарајќи на прашањето, дали неговиот став значи поддршка на Московската патријаршија, митрополитот Серафим одговори негативно. Тој појасни дека неговите забелешки се однесуваат исклучиво на постапката за доделување автокефалност и на каноничноста на одредени лица.

Ο ΑΔΕΣΜΕΥΤΟΣ ΜΗΤΡΟΠΟΛΙΤΗΣ ΚΥΘΗΡΩΝ ΚΑΙ ΑΝΤΙΚΥΘΗΡΩΝ κ. ΣΕΡΑΦΕΙΜ ΜΙΛΑ ΧΩΡΙΣ ΠΕΡΙΣΤΡΟΦΕΣ ΣΤΗΝ ΚΑΜΕΡΑ.Ο ΑΔΕΣΜΕΥΤΟΣ ΜΗΤΡΟΠΟΛΙΤΗΣ ΚΥΘΗΡΩΝ ΚΑΙ ΑΝΤΙΚΥΘΗΡΩΝ κ. ΣΕΡΑΦΕΙΜ ΜΙΛΑ ΧΩΡΙΣ ΠΕΡΙΣΤΡΟΦΕΣ ΣΤΗΝ ΚΑΜΕΡΑ.

Извор: https://orthodoxia.info/news/o-kythiron-serafeim-anagnorizei-to/
преку https://spzh.eu/en/news/96067-greek-hierarch-finds-epifaniy-dumenkos-ordination-invalid