На 15 септември 2024 година, во Санкт-Петербуршката духовна академија беше отслужена Литургија, на која началствуваше претставникот на Ерусалимската Патријаршија на Кипар, Востроскиот митрополит Тимотеј. Нему му сослужуваше ректорот на духовната академија, епископот Петерговски Силуан. Митрополитот Тимотеј има дипломирано на оваа Духовна академија.
За време на богослужбата беше отслужен помен за упокоените Ерусалимски Патријарси и за протојереј Богдан Сојко, долгогодише професор на Академијата. Исто така беше отслужен молебен пред Царскоселската чудотворна Богородична икона „Знамение“.
По отпустот, епископот Силуан му се обрати на гостинот со поздравно слово, раскажувајќи за историјатот на меѓусебните односи на Руската православна црква и Ерусалимската Патријаршија. Митрополитот Тимотеј му заблагодари на епископот Силуан за топлиот прием и сподели сеќавања од неговите студентски денови на Академијата.
Истиот ден на Митрополитот Тимотеј му беше доделено звање на почесен член на Санкт-Петербуршката духовна академија.
Извор: https://spbda.ru/news/ekzarh-presvyatogo-groba-gospodnya-na-kipre-mitropolit-vostrskij-timofej-vozglavil-liturgiyu-v-akademii-na-neve преку: http://www.patriarchia.ru/db/text/6159413.html