На 15 септември 2024 година, со благослов на Блаженејшиот Митрополит на Киев и цела Украина г.г. Онуфриј, ректорот на Киевската духовна академија и семинарија, Архиепископот Белогородски г. Силвестер, заедно со Епископот Брашовски г. Софијан, викар на Митрополијата на Германија, Централна и Северна Европа на Романската православна црква, отслужи Божествена Литургија по повод храмовиот празник на храмот „Воздвижение“ на Романската православна црква во градот Минхен. Германија. За ова известува Информативно-просветниот оддел на Украинската православна црква.
По Божествената Литургија, Архиепископот Силвестер им го честиташе храмовиот празник на присутните. Епископот Софијан, пак, му ја пренесе својата благодарност на Блаженејшиот Митрополит Онуфриј за можноста за братска комуникација и изрази молитвена поддршка за Украинската Православна Црква.