На 4 август 2024 година, Ларискиот епископ Мојсеј (од Антиохиската патријаршија) ја посети Свето-Троицката Сергиева лавра во Русија. Тој се наоѓа на поклоничко патување во Русија, со благослов на Патријархот Московски и на сета Рус Кирил.
На Литургијата во Покровскиот храм на Московската духовна академија (која се наоѓа на територијата на Лаврата), епископот Мојсеј му сослужуваше на Митрополитот Талински и на цела Естонија Евгениј. По богослужбата следеше трпеза, на која продолжи братскиот разговор меѓу архијерејот на Антиохиската патријаршија и Претстоителот на Естонската православна црква (автономна во рамките на Руската православна црква).
Потоа, за епископот Мојсеј беше спроведена екскурзија во црковно-археолошкиот кабинет на Московската духовна академија и низ Лаврата. Во Троицкиот манастирски храм тој се поклони на моштите на ктиторот, односно на преподобниот Сергиј Радоњешки, и на иконата на Света Троица, насликана од преподобен Андреј Рубљов.
Епископот Мојсеј го придружуваше соработникот за меѓуправославни односи при секретаријатот на Одделот за надворешни црковни врски на Московката патријаршија, Георгиј Шилин.