На 19 октомври 2025 година, во деветнаесеттата недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Германија и Средна Европа г. Исак, од Антиохиската патријаршија, началствуваше со светата Литургија во соборниот храм „Свети Сава“ на Српската Православна Црква во Дизелдорф, сослужувајќи со архијерејот-домаќин, Високопреосвештениот Архиепископ Дизелдорфско-берлински и Митрополит Германски г. Григориј и Преосвештениот Епископ Христуполски г. Емануил, од Цариградската патријаршија, како и со свештенството. На светата Литургија присуствуваше и Високопреосвештениот Митрополит Германски и Егзарх на Средна Европа при Цариградската патријаршија г. Августин.
Во соборниот храм „Свети Сава“ се наоѓаше и иконата на Светите Отци од Првиот Вселенски собор, изработена по повод јубилејот од 1700 години од одржувањето на Првиот Вселенски собор во Никеја, во 325 година.
По прочитаното евангелско зачало, Митрополитот Григориј им се обрати на присутните со вдахновено слово.
























