Сквернавењето на статуа што го прикажува Распнатиот Исус Христос во јужен Либан, за кое известивме, предизвика скандал. Својата силна загриженост ја изрази и Блаженејшиот Архиепископ Атински и на цела Грција, г.г. Јероним, поставувајќи прашања за мотивите и целта на овој чин.
Архиепископот нагласи дека Исус Христос не употребил насилство, ниту водел воени дејствија, туку учел на љубов, покајание и простување и се жртвувал за спасението на целото човештво.
Тој се повика и на библиската изрека „Не дојдов да укинам, туку да исполнам“, како и на карактеризацијата на Стариот Завет како „воспитувач кон Христос“ од страна на апостол Павле, истакнувајќи го нивното трајно духовно значење.
Воедно, посочи дека брзата осуда на инцидентот од страна на премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху, оди во вистинска насока, но додаде дека војната ги засилува појавите на насилство и гнев, а за жал често има и невини жртви, особено мали деца, потсетувајќи на смртта на 168 ученички и ученици во градот Минаб, Иран.
На крајот, нагласи дека Црквата постојано се моли за мир во светот, но и за мир во душата на секој човек.
