Архиепископот Атински и на цела Грција г.г. Јероним, изврши осветување на обновениот приемен простор во Министерството за одбрана на Грција.
Архиепископот беше пречекан од министерот за одбрана, г. Никос Дендијас, началниците на вооружените сили, како и воениот и цивилниот персонал на министерството, а во негова чест настапи и воениот оркестар
По чинот на осветување, директорот на верската служба на Генералштабот на вооружените сили, архимандритот Мелетиј Кураклис, му ја претстави на Архиепископот заштитничката икона на вооружените сили – Пресвета Богородица Победоносна, која отсега ќе го краси главниот влез на Министерството за одбрана.
Во своето кратко обраќање, Архиепископот го даде својата благослов на воените старешини и на младите војници кои служат и ги чуваат границите на татковината.
„Треба да соработуваат двата фактори – човечкиот и религиозниот – за доброто на нашата Татковина“ – истакна Архиепископот Јероним, заблагодарувајќи му се на Министерот за поканата.
Потоа, Архиепископот ја благослови и новогодишната василопита.
Министерот Никос Дендијас му се заблагодари на Архиепископот за неговото присуство, истакнувајќи: „Сечењето на василопитата е традиција која е чисто религиозна и претставува голем благослов за новата година“.







Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/67501-o-arxiepiskopos-sto-ypourgeio-ethnikis-amynas-foto
