На 28 февруари 2025 година Неговото Блаженство Архиепископот Атински и на цела Грција г.г. Јероним во митрополитскиот храм во Атина отслужи помен за покој на душите на жртвите од трагичната несреќа во регионот Темби.
Архиепископот поменот го отслужи во присуство на роднините на жртвите, а по повод навршувањето на две години од трагичниот настан.
Исто така, по иницијатива на Неговото Блаженство, во исто време беше одржан помен и во сите останати храмови во регионот на Атинската Архиепископија.
Видот на молитвата, како израз на сочувство со болката на роднините на жртвите од несреќата со многу загинати во Темби, е следна: „Повторно се молиме за блажена спомен и вечен покој на душите на сите наши браќа што насилно починаа во железничката несреќа во регионот на Темби, и за прошка на сите нивни волни и неволни прегрешенија.“

Извор: https://www.ecclesiagreece.gr/epikairotita/main_epikairotita_next.php?id=3850
